Телефонски разговор помеѓу Путин и Зеленски пред лидерскиот самит на Нормандиската четворка

Во телефонскиот разговор станало збор за прашањето за предавање на украинските воени бродови кои беа запленети од страна на Русија во близина на Керченскиот теснец во Црното Море и испораката на рускиот природен гас преку Украина за Европа

1312532
Телефонски разговор помеѓу Путин и Зеленски пред лидерскиот самит на Нормандиската четворка

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пред лидерскиот самит на Нормандиската четворка (Германија, Франција, Русија, Украина).

Во објавеното писмено соопштение од претседателскиот дворец на Русија „Кремљ“ се истакнува дека во остварениот телефонски разговор станало збор за прашањето за предавање од страна на Русија на украинските воени бродови кои беа запленети во близина на Керченскиот теснец во Црното Море.

Во соопштението се вели дека било детално разговарано за набавката на природен гас помеѓу Русија и Украина и прашањето на испорака на рускиот природен гас преку Украина за Европа.

Инаку, лидерскиот самит на Нормандиската четворка (Германија, Франција, Русија, Украина) во врска со кризата во источниот дел на Украина, ќе се одржи на 9 декември во главниот град на Франција, Париз.



Слични вести