Продолжуваат протестите во Либан поради лошата економска состојба во земјата

Вчера, во крајбрежниот дел на градот Сајда на југот на Либан, се одржа протестен митинг под името „Леб и сол“

1311746
Продолжуваат протестите во Либан поради лошата економска состојба во земјата

Протестите во Либан коишто како реакција против лошата економска состојба во која се наоѓа земјата започнаа на 17 октомври, продолжија и вчера на 39-от ден и тоа особено во јужните градови.

Вчера, во крајбрежниот дел на градот Сајда на југот на Либан, се одржа протестен митинг под името „Леб и сол“.

Учесниците на протестниот митинг бараа да се стави крај на применувањето за поделба на власта во земјата на секташка основа и да се формира технократска влада.

Демонстрантите со либански знамиња во своите раце упатија повик до претседателот Мишел Аун да ја избере личноста на која ќе му го додели мандатот за формирање на технократска влада.



Слични вести