Лавров: Постојат закани во правец на спречување на работата на Уставотворниот комитет на Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека постојат закани во правец на спречување на работата на Уставотворниот комитет на Сирија којашто продолжува во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева

1312269
Лавров: Постојат закани во правец на спречување на работата на Уставотворниот комитет на Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва се состана со министерот за надворешни работи на Непал Кумар Гјавали со кого потоа одржаа и заедничка прес конференција кадешто меѓу другото даде изјави и во врска со разговорите околу Уставотворниот комитет на Сирија.

Лавров истакна дека постојат закани во правец на спречување на работата на Уставотворниот комитет на Сирија којашто продолжува во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева.

Велејќи дека првиот состанок на Комитетот е реализиран во позитивна насока, Лавров рече: „Страните во оваа фаза се согласија околу сите прашања во врска со функционирањето на Комитетот.“

Сергеј Лавров напомена дека западните земји претходно се обидоа да го спречат процесот на Уставотворниот комитет и во продолжение го рече следното: „Секогаш постои закана во правец на спречување на процесот на работа на Комитетот. Има голем број страни кои сакаат процесот на Уставотворниот комитет на Сирија да заврши со неуспех. Во тој случај, би можеле да се прикажат како оправдани активностите во правец на воена интервенција во Сирија.“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров додаде дека треба да бидат фрлени чекори во правец на применување на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) број 2254, а во врска со сириското прашање.

Инаку, резолуцијата на СБ на ОН број 2254 е едногласно усвоена резолуција во Советот на 18 декември 2018 година. Во оваа резолуција се упатува повик за итно воспоставување на прекин на огнот во Сирија и за постигнување политичко решение во оваа земја.



Слични вести