Демонстрантите во Ирак ја запалија зградата на гувернерството во Зикар на југот на земјата

Според добиени информации од полициски извори, за време на антивладините демонстрации во провинцијата Зикар на југот на Ирак некои демонстранти фрлале молотови коктели врз новата зграда на гувернерството и притоа дошло до пожар и била причинета штета

1312039
Демонстрантите во Ирак ја запалија зградата на гувернерството во Зикар на југот на земјата

Демонстрантите кои учествуваат на антивладините протести во провинцијата Зикар на југот на Ирак ја запалија зградата на гувернерството.

Според добиени информации од полициски извори, за време на антивладините демонстрации во провинцијата Зикар некои демонстранти фрлале молотови коктели врз новата зграда на гувернерството и притоа дошло до пожар и била причинета штета.

Во демонстрациите коишто беа одржани минатиот месец во провинцијата Зикар на југот на Ирак, беа запалени владините згради во голем број населени места, а пред се и зградата на гувернерството.

За време на интервенцијата на ирачките безбедносни сили на антивладините демонстрации во провинциите Басра и Зикар животот го загубија 6 демонстранти, а 158 мина беа повредени.

Од друга страна, Националната комисија за комуникации и медиуми во Ирак со образложение дека се „прекршени правилата за професионална работа“ донесе одлука за затворање на 8 сателитски канали и 5 радиостаници, а воедно достави и предупредување до 5 сателитски канали.

На состанокот на Управниот одбор на Комисијата во четвртокот е донесена одлука за затворање во времетраење од 3 месеци на телевизиските канали „Ел Хадес“ со седиште во Саудиска Арабија, „Анб“ со седиште во Либан и „НРТ“, „Диџле“, „Еш-Шаркије“, „Ел- Фелуџе“, „Ер-Рашид“ и „Овде е Багдад“ кои емитуваат од Регионалната курдска управа во Ирак.

Освен тоа, Комисијата одлучи да бидат затворени и канцелариите на радиостаниците „Ел-Хура Ирак“ и „Сава“ со седиштер во Соединетите Американски Држави (САД) и локалните радиостаници „Радио ен-Нас“, „Денес“ и „Нава“.

Здружението за одбрана на слободата на печатот во Ирак, оваа одлука на Комисијата ја окарактеризира како „диктаторско однесување“ и соопшти дека се чувствува голема загриженост од сето тоа.

Во објавеното соопштение од страна на Здружението се нагласува дека ваквите одлуки се во спротивност со Уставот и законите со кои се гарантира слободата на печатот и комуникацијата.



Слични вести