Бројот на починатите поради епидемија на сипаници на островот Самоа во Јужниот Пацифик се зголеми на 25 лица

Поради епидемија на сипаници која ја зафати островската држава Самоа во јужниот дел на Тихиот Океан (Пацификот) од минатиот месец досега животот го загубија 24 деца под 5 годишна возраст и едно 30 годишно лице, а се утврдени 2.200 случаи на заболени

1311854
Бројот на починатите поради епидемија на сипаници на островот Самоа во Јужниот Пацифик се зголеми на 25 лица

Бројот на лицата кои починаа поради епидемија на сипаници во Самоа во Јужниот Пацифик се зголеми на 25.

Во објавеното соопштение од владата на Самоа се истакнува дека поради епидемијата на сипаници која ја зафати оваа островска земја во јужниот дел на Тихиот Океан (Пацификот) од минатиот месец досега животот го загубија 24 деца под 5 годишна возраст.

Во соопштението се вели дека меѓу починатите се наоѓа и едно лице на 30 годишна возраст и дека досега се утврдени 2.200 случаи на заболени од сипаници.

Надлежни здравствени службеници претходно соопштија дека минатата недела во Самоа која брои приближно 200 илјади жители поради епидемијата животот го загубија 6 лица од кои повеќето деца.

Владата на Самоа поради епидемијата на сипаници на 16 ноември прогласи вонредна состојба во земјата. По оваа одлука беше прекинато образованието во училиштата, беше забрането собирање на децата на места отворени за јавноста и беше издадена директива до народот за вакцинирање од сипаници.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондацијата за помош на децата при Обединетите нации (УНИЦЕФ), процентот на вакцинирање од сипаници во островската држава Самоа во 2013 година изнесуваше 70 отсто, а минатата година овој процент опадна дури на испод 30 отсто.



Слични вести