При уривање на авион врз населено место во Демократска Република Конго загинаа најмалку 23 лица

Според вестите објавени во локалните медиуми на централноафриканската држава Демократска Република Конго, приватен авион кусо време по полетувањето се урнал врз населено место при што во несреќата загинале најмалку 23 лица

1311539
При уривање на авион врз населено место во Демократска Република Конго загинаа најмалку 23 лица

При уривање на приватен авион врз едно населено место во источниот дел на централноафриканската држава Демократска Република Конго загинаа најмалку 23 лица.

Според вестите објавени во локалните медиуми, приватен авион од типот „Dornier-228“ во сопственост на компанијата „Busy Beeм“ кусо време по полетувањето се урнал врз едно населено место во градот Гома. 

Надлежни на авиокомпанијата информираа дека авионот во кој се наоѓале 19 лица од кои 17 патници и двајца членови на екипажот можеби се урнал поради технички проблем.

Директорот на Заштита на цивилното воздухопловство Џозеф Макунди истакна дека на местото на несреќата се пронајдени 23 мртви тела.

Гувернерот на провинцијата Северен Киву Карли Нзанзу Касивита ист така истакна дека биле добиени информации дека авионот полетал со задоцнување.

Мисијата за стабилност на Обеиднетите нации (ОН) MONUSCO на местото на несреќата испрати две противпожарни возила и една спасувачка екипа.



Слични вести