Во терористички напад со возило бомба во Тел Абјад во Сирија загинаа најмалку тројца цивили

Во терористички напад со возило бомба во индустриската зона во градчето Тел Абјад, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, загинаа најмалку тројца цивили, а има и повеќе од 20 ранети од кои 6 потешко

1311242
Во терористички напад со возило бомба во Тел Абјад во Сирија загинаа најмалку тројца цивили

Во реализиран напад со возило бомба врз цивилите во градчето Тел Абјад, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија, животот го загубија најмалку тројца цивили.

Во терористичкиот напад извршен со возило бомба во индустриската зона во Тел Абјад освен најмалку тројца загинати цивили се ранети и повеќе од 20 цивили од кои 6 потешко. Меѓу ранетите има и деца.

Тешко ранетите се донесени во Државната болница во Акчакале кај градот Шанлиурфа на турска страна на границата.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ која не е различна од ДЕАШ, продолжува да ги напаѓа невините цивили. Терористите убијци на бебиња и денеска извршија напад со возило бомба врз цивилниот народ кој беше на своето работно место во индустриската зона во Тел Абјад. Според првични информации, се убиени 3 лица, а повеќе од 20 лица се ранети.“



Слични вести