ЕУ: Нападот на режимот на Бешар Асад врз шаторскиот камп во Идлиб е неприфатлив

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини нападот на режимот на Бешар Асад врз шаторскиот камп во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, кој беше причина за смртта на 12 цивили, го окарактаризира за неприфатлив

ЕУ: Нападот на режимот на Бешар Асад врз шаторскиот камп во Идлиб е неприфатлив

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини во објавената декларцијата, нападот на режимот на Бешар Асад врз шаторскиот камп во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, кој беше причина за смртта на 12 цивили, го окарактаризира за неприфатлив. 

Могерини во декларацијата го истакна следното преудпредување: „Нападите коишто се реализираат од страна на сирискиот режим и неговите сојузници врз критичната цивилна инфраструктура, вклучувајќи ги и здравствените и образовните објекти, без притоа да се прави никаква разлика, се неприфатливи и веднаш треба да бидат сопрени.“

Федерика Могерини го изрази своето сочувство за загинатите во нападот врз шаторскиот камп во подрачјето на градот Идлиб и го истакна следното: „Нападите врз раселените цивили внатре во земјата и бомбардирањето на еден здравствен објект во близина на границата со Турција, ја покажуваат влошената состојба во северозападниот дел на Сирија.“

Инаку, во нападите на Асадовиот режим и Русија во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб од потпишаната спогодба помеѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година досега загинаа повеќе од 1.300 цивили.

Бројот на преселените лица во местата коишто релативно се помирни од оние места каде нападите се поинтензивни и во местата во близина на границата со Турција пак, во последната една година изнесува над 1 милион.



Слични вести