Во воздушни напади на руски воени авиони врз селата во близина на Идлиб загинаа 5 мина цивили

Во воздушни напади на руски воени авиони врз селата во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија загинаа 5 мина цивили, а уште толку мина се ранети

1310912
Во воздушни напади на руски воени авиони врз селата во близина на Идлиб загинаа 5 мина цивили

Во реализирани воздушни напади од страна на Русија врз населените места во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деесекалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, животот го загубија 5 мина цивили, а најмалку уште толку мина се ранети.

Според добиени информации од извори на екипите за Цивилна одбрана (Белите Беретки) на Сирија, синоќа при експлозија на бомба којашто била фрлена од страна на руските воени авиони за време на претходните реализирани воздушни напади, загинаа тројца цивили.

Според Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери пак, во реализираниот воздушен напад од страна на руските воени авиони утрово врз селото Фатире во подрачјето на градот Идлиб загинаа двајца цивили, а 5 мина се ранети.

Руски воени авиони реализираа воздушен напад и врз населеното место Кефренбил и селото Серџе во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деесекалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Од друга страна, Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран реализираа напади со тешко оружје, со топови, ракети и хаубици врз месноста Бидама и селата Наџије и Маранд.



Слични вести