ОН го осудија нападот на силите на Асад врз бегалскиот камп во Идлиб

Ракетата исфрлена од подрачјето на силите на режимот експлодираше во непосредна близина на едно родилиште

1310544
ОН го осудија нападот на силите на Асад врз бегалскиот камп во Идлиб

Обединетите нации (ОН) го осудија нападот на силите на Асад врз шаторската населба во Идлиб во кој загинаа 12 лица.

Нажат Рошди, советникот на специјалниот претставник на ОН за Сирија Геир О. Педерсен објави писмено соопштение во врска со вчерашниот напад врз шаторската населба во селото Ках северно од Идлиб, во кој загинаа 12 лица.

„Според информациите од регионот, од подрачјето на силите на режимот врз шаторската населба беше исфрлена една ракета“ рече Рошди и додаде дека „ракетата експлодирала во непосредна близина на едно родилиште“.



Слични вести