Израелскиот јавен обвинител одлучи да се покрене судска постапка против Нетанјаху

Против Нетанјаху ќе се подготват обвинителни акти поради поткуп, измама, фалсификување и злоупотреба на службената должност

1310776
Израелскиот јавен обвинител одлучи да се покрене судска постапка против Нетанјаху

Израелскиот главен јавен обвинител Авичаи Манделблит одлучи да се покрене судска постапка против премиерот Бинјамин Нетанјаху поради три посебни обвинувања.

Главниот јавен обвинител Манделблит истакна дека за предметот под реден број 4000 ќе се изготви обвинителен акт поради поткуп, додека во предметите под реден број 1000 и 2000 обвинителни актови за измама, фалсификување и злоупотреба на службената должност.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Нетанјаху во врска со обвинувањата во канцеларијата во Западен Ерусалим одржа конференција за печатот.

Нетанјаху на конференцијата ги отфрли обвинувањата и рече дека „моментално сведочиме за еден обид за државен удар врз премиерот со неосновани обвинувања.“

Нетанјаху привлече внимание на тајмингот на усвојувањето на одлуката за покренување постапка, потенцирајќи дека сеуште постојат низа прашања во врска со истрагата која започна против него. Ваквата состојба нанесува штета на довербата кон полицијата и јавниот обвинител.

„Сметам дека одлуката на главниот јавен обвинител е сомнителна и дека докрај ќе раководи со државните работи“ рече Нетанјаху и додаде:

„Им се обраќам на сите мои поддржувачи и противници. За безбедноста на државата треба да се придржуваме кон доверливоста на правото“.

Нетанјаху го изнесе барањето да се спроведе истрага и во врска со службениците кои го испитувале, потенцирајќи дека целиот овој процес е „валкан“ и доказните материјали во предметот биле „сомнителни“.



Слични вести