Џинпинг: Не сакаме да започнеме трговска војна, но и не се плашиме

Кинескиот претседател Ши Џинпинг истакна дека неговата земја не сака да води трговска војна со САД, но дека и не се плаши и дека ако затреба ќе возврати

1311006
Џинпинг: Не сакаме да започнеме трговска војна, но и не се плашиме

Кинескиот претседател Ши Џинпинг за време на приемот во Големата народна сала на трговската делегација на САД која учествува на "Блумберг Новиот економски форум" во главниот град Пекинг, истакна дека неговата земја има позитивен став кон трговските разговори. 

Џинпинг напомена дека посакуваат да склучат трговски договор со Соединетите Американски Држави (САД), но нагласи дека доколку Вашингтонската управа се нафати на трговска војна нема да се воздржат да возвратат.

"Како што велиме секогаш, не сакаме да започнеме трговска војна, но и не се плашиме. Ако затреба ќе возвратиме. Сепак, вложуваме напори да не дојде до трговска војна." - рече кинескиот претседател Ши Џинпинг и воедно подвлече дека вложуваат напори за постигнување  трговски договор на основа на взаемно почитување и еднаквост.

Инаку, во трговската делегација на САД која беше примена кај кинескиот претседател Ши Џинпинг, се наоѓаа и поранешниот државен секретар на САД Хенри Кисинџер, секретарот за трезор Хенк Паулсон и поранешниот претставник за трговија Мајк Фроман. 

Американскиот весник "Вол Стрит Џурнал" (Wall Street Journal) вчера напиша дека главниот преговарач на Кина во трговските разговори вицепремиерот Лиу Хи ги поканил своите американски колеги во Пекинг.



Слични вести