Британија ќе ги врати децата на убиените приврзаници на ДЕАШ

Имињата на децата не беа објавени поради безбедносни причини

1310784
Британија ќе ги врати децата на убиените приврзаници на ДЕАШ

Британија усвои одлука за враќање на децата на убиените приврзаници на ДЕАШ во Сирија, а кои се државјани на земјата.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб во изјавата за печатот во врска со прашањето рече:

„Овозможивме можност да се вратат во домовите, бидејќи тоа беше најправилно.

Децата треба да се поддржат за да можат да се вратат во нормален живот.

Овие невини деца кои останаа без родители никогаш не требаше да останат под неповолното влијание и ужасот на војната“.

Имињата на децата не беа објавени поради безбедносни причини и тие ќе бидат првите британски државјани кои ќе се вратат назад во Британија од подрачјата кои се наоѓаат под контрола на терористичката организација ДЕАШ (ИСИЛ).

Во камповите во Сирија се наоѓаат над 60 деца помали од 5 годишна возраст и 25 жени, државјани на Британија.

Министерот Раб рече дека покрај тоа што во минатото Британија, поради безбедносни причини беше индиферентна во однос на враќањето на своите граѓани вклучувајќи ги и децата, почнувајќи од минатиот месец најави дека повторно ќе го разгледа предлогот за враќање на сирачињата и возрасните.

Претходно Франција, Германија, Норвешка и Данска вратија мал број на деца од Сирија.



Слични вести