Во воздушни напади врз селата во близина на Идлиб загинаа најмалку 6 цивили од кои 4 деца

Руски воени авиони реализираа воздушни напади врз селата во близина на населеното место Маратинуман, во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб во кои загинаа 6 цивили од кои 4 деца, а има и голем број ранети цивили

1309844
Во воздушни напади врз селата во близина на Идлиб загинаа најмалку 6 цивили од кои 4 деца

Во реализираните воздушни напади од страна на воени авиони на Русија врз населеното место Маратинуман во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, според првични добиени информации животот го загубија 6 цивили од кои 4 деца, а има и голем број ранети цивили.

Според Опсерваторијата за авиони на опозиционерите, руски воени авиони реализираа воздушни напади врз селата Бабила, Ајн Креј, Ел Сириџ и Ел Хамидије во населеното место Маратинуман, во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб.

Исто така и Асадовиот режим реализира напади со тешко оружје од копно со топови, ракети и хаубици, врз месноста Бидама и селата Кефер Сеџне, Кириса, Бсакла, Сирман и Хулубе во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб.

Според добиени информации од надлежни за Цивилна Одбрана (Белирте Беретки) во Идлиб, во воздушните напади реализирани од страна на руски воени авиони вчера во вечерните часови врз селото Ајн Креј кај населеното место Маратинуман, според првични добиени информации животот го загубија најмалу 6 цивили од кои 4 деца, а има и голем број ранети цивили.

Екипите за цивилна одбрана ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување, како и работите за кревање на рушевините на местото на реализираните воздушни напади.



Слични вести