Укинато попречувањето на пристапот до интернет во некои области во Иран

Според веста на новинската агенција „Ентекаб“, граѓаните имаат пристап до социјалните медиуми во некои подрачја на градовите Техеран, Табриз, Керманшах, Машхад и Кум

1310432
Укинато попречувањето на пристапот до интернет во некои области во Иран

Укинато попречувањето на пристапот до интернет во некои области во Иран кое почна да се спроведува по протестите против поскапувањето на цената на бензинот.

Според веста на Новинската агенција на иранските студенти (ИСНА), во провинцијата Хормозган беше овозможен пристап до социјалните медиуми како што се „WhatsApp“ и „Instagram“.

Според веста на новинската агенција „Ентекаб“, граѓаните имаат пристап до социјалните медиуми во некои подрачја на градовите Техеран, Табриз, Керманшах, Машхад и Кум.

Според локални извори, пристапот до интернет беше овозможен краткотрајно, по што веднаш дошло до прекин на пристапот.

Како последица на неможноста за пристап до интернет, банките не можеа да функционираат, компаниите кои продаваат преку интернет не можеа да ги продадат своите производи, дојде до намалување на стапката на увоз и извоз, поради што оваа одлука предизвика голема секојдневна штета за земјата.

Претседателот на кабинетот на претседателот на државата Махмуд Ваизи на прес конференцијата по состанокот на кабинетот рече дека по прекинувањето на протестите и демонстрациите, ќе се отвори интернетот.

Со одлуката која беше усвоена од страна на Иранскиот врховен национален совет за безбедност, пристапот до интернет беше прекинат со цел да се спречат протестите.



Слични вести