Проиранските групи реализираа напад врз камповите кај Идлиб: Загинаа 12 цивили од кои повеќето деца, а има и голем број ранети

Проиранските терористички групи поддржувачи на режимот на Бешар Асад во Сирија, од своите позиции на планината Азан во јужното рурално подрачје на градот Алепо реализираа напад со тешко оружје врз камповите во руралното подрачје на градот Идлиб

1309916
Проиранските групи реализираа напад врз камповите кај Идлиб: Загинаа 12 цивили од кои повеќето деца, а има и голем број ранети

Во реализиран напад вчера од страна на групите поддржани од Иран врз камповите во руралното подрачје на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, според првични добиени информации, животот го загубија 12 цивили од кои повеќето деца, а има и голем број ранети.

Проиранските терористички групи поддржувачи на режимот на Бешар Асад во Сирија, од своите позиции на планината Азан во јужното рурално подрачје на градот Алепо реализираа напад со тешко оружје врз камповите во руралното подрачје на градот Идлиб.

Во нападот, според првични добиени инфромации, загинаа најмалку 12 цивили од кои повеќето деца, а има и голем број ранети.

Според опсерваторите на сириските опозиционери, терористичките групи поддржани од Иран реализираа напад со ракети врз камповите во кои се засолнуваат цивили во селото Ках во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во УИдлиб.

Екипите за Циивлна одбрана (Белите Беретки) во Идлиб, ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување.

Во нападот се оштетени голем број шатори во кои се сместени бегалци.

Како што се дознава, планината Азан каде што се распоредени терористичките групи поддржани од Иран се наоѓала на оддалеченост од околу 50 километри од селото Ках каде што е реализиран нападот.

Четворица ранети цивили во нападот се донесени на лекување во Турција.

Ранетите меѓу кои има и деца со амбулантни возила преку турско-сирискиот граничен премин Џилвеѓозу се донесени на лекување во болниците во населеното место Рејханли, кое се наоѓа веднаш во непосредна близина на границата.



Слични вести