При превртување на гумен чамец во Средоземното Море во близина на либискиот брег се удавија 67 лица

Италијанската новинска агенција „АНСА“ ослонувајќи се на веб-сајтот „Alarmphone“ соопшти дека во водите на Средоземното Море во близина на главниот град на Либија, Триполи, е доживеана нова мигрантска трагедија во која се удавија 67 лица, а 30 се спасени

1310101
При превртување на гумен чамец во Средоземното Море во близина на либискиот брег се удавија 67 лица

При превртување на бегалски чамец вчера во вечерните часови во водите на Средоземното Море во близина на Либија, се удавија 67 лица, а 30 мина се спасени.

Според веста на италијанската новинска агенција „АНСА“ ослонувајќи се на веб-сајтот „Alarmphone“ која им доставува независна поддршка од итна помош на илегалните имигранти кои се обидуваат да го поминат Средоземното Море и да заминат за Европа, во близина на главниот град на Либија, Триполи, е доживеана нова мигрантска трагедија.

Еден рибар го информирал веб-сајтот „Alarmphone“ во врска со доживеаната трагедија во Средоземното Море во близина на брагот на Либија и истакнал дека 30 илегални имигранти биле спасени, а 67 мина се удавиле во морето.

Очевидци пак, истакнаа дека рибарите во 17:00 часот по локално време во близина на либискиот главен град Триполи пронашле пукнат гумен чамец околу кој имало голем број имигранти кои паднале во морето и се обидувале да се одржат во живот.

Воедно се вели дека рибарите ја побарале либиската крајбрежна стража, но дека не можеле да разговараат со никого.



Слични вести