Порака од САД со поддршка на протестите во Иран

Од Соединетите Американски Држави (САД) продолжуваат да пристигнуваат пораки со поддршка на протестите во Иран

1310379
Порака од САД со поддршка на протестите во Иран

Американскиот потпретседател Мајк Пенс соопшти дека Вашингтон ги поддржува протестите коишто започнаа во Иран по поскапувањето на бензинот во оваа земја и се проширија низ целата земја, а во кои има и голем број загинати.

Откако властите во Техеран сметајќи ги пораките на Вашингтон со поддршка на протестите како интервенција во внатрешните работи упати протестна нота до САД, овојпат американскиот потпретседател Мајк Пенс во пораката што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер, даде поддршка на протестите во Иран.

Пенс во својата порака напиша: „Додека Иранците излегуваат на улица да протестираат Ајетоласите во Техеран продолжуваат да вршат насилство и да го гмечат својот народ. Пораката на САД е јасна: Американскиот народ е покрај иранскиот народ.“

Во меѓувреме, според вестите објавени во медиумите на САД, бродот носач на авиони на САД "USS Abraham Lincoln" по директива на Белата куќа за прв пат по 6 месеци отплови за Персискиот залив. 



Слични вести