Меркел: Спремни сме за доставување на дополнителна финансиска помош на Турција за бегалците

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека Турција која е домаќин (згрижува) 3,5 милиони Сиријци презема голема одговорност и напомена дека е спремна да и достави дополнителна финансиска помош на Турција за бегалците

1310038
Меркел: Спремни сме за доставување на дополнителна финансиска помош на Турција за бегалците

Германската канцеларка Ангела Меркел во главниот град на Хрватска Загреб кадешто отпатува за учество на Генералното собрание на Европската народна партија (ЕПП) се состана со својот колега хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

На одржаната заедничка прес конференција по средбата, германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека Турција која е домаќин (згрижува) 3,5 милиони Сиријци презема голема одговорност и напомена дека е спремна да и достави дополнителна финансиска помош на Турција за бегалците.

Меркел потсети дека Хрватска и Германија идната година заедно ќе го споделат привременото претседателствување со Советот на Европската унија (ЕУ) и напомена дека нејзината земја ќе ја поддржува Хрватска во текот на привременото претседателствување.

Велејќи дека проблемите коишто ќе бидат решени за време на претседателствувањето на Хрватска ќе и обезбедат олеснување и на Германија, Ангела Меркел истакна дека затоа двете земји ќе делуваат заедно.

Подвлекувајќи дека нејзината земја ја поддржува и целта на Хрватска за приклучување на земјите од Западен Балкан кон Европската унија (ЕУ), Меркел рече: „Треба да ги исполниме предусловите за повторно започнување на преговарачкиот процес со Северна Македонија.“

Германската канцеларка Ангела Меркел укажа на тоа дека треба да се располага со пореална перспектива за процесот на приклучување на Балканските земји кон Европската унија (ЕУ) и дека неодржувањето на дадените ветувања ќе вроди лоши резултати.

Осврнувајќи се и на присутните проблеми со нерегуларните имигранти на границата на Хрватска, Меркел ја изнесе следната констатација: „Германија, како земја која мора да ги одбрани своите надворешни граници е искусна по прашањето на бегалците и имигрантите, меѓутоа кога станува збор за земја која се наоѓа точно во средината на Шенген зоната, ситуацијата добива една поразлична димензија.“

Велејќи дека се придава големо значење на одбраната на Шенген зоната, германската канцеларка Ангела Меркел рече: „Спремна сум да и доставам дополнителна помош на Турција која презема голема одговорност врз себе по ова прашање.“

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ исто така потсети дека во првата половина на 2020 година привременото претседателствување со Советот на Европската унија (ЕУ) ќе го води неговата земја, а во втората половина ќе премине на Германија.

Пленковиќ истакна дека пред самитот меѓу Европската унија и Југоисточна Европа за кој се планира да се одржи во мај 2020 година треба да се изнајде одредено решение за блокираните преговарачки процеси на Северна Македонија и Албанија, а воедно нагласи дека неговата земја ќе направи се што е негова можност по ова прашање. 

 



Слични вести