Путин: „Советскиот Сојуз се распадна поради неефикасната економска политика“

За да се постигне долгорочен и одржлив развој треба да се подржат претприемничките активности и високо квалитетно вработување

1309746
Путин: „Советскиот Сојуз се распадна поради неефикасната економска политика“

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Советскиот Сојуз се распадна поради неефикасната економска политика, а не поради порастот на национализмот во Балтичките земји.

Во говорот на форумот „Русија повикува“ што се одржа во Москва Путин направи проценка на руската економија.

„Порастот на реалните приходи на народот, претставува еден од критичните показатели на економскиот развој“ рече Путин и додаде дека „платите в Русија растат, тоа е факт. Но реалните приходи на народот кои можат да се потрошат се стагнирачки. Тоа треба да го промениме.“

„За да се постигне долгорочен и одржлив развој треба да се подржат претприемничките активности и високо квалитетно вработување.

Руската влада моментално работи на тоа. Верувам дека и Централната банка на Русија како и рускиот деловен свет и бизнисмените ќе ги остварат овие задачи.

Како последица на трговските војни за жал глобалната економија се соочува со одредени проблеми.

Но и покрај ограничувањата кои се резултат на политички причини и трговските војни, не верувам дека светската економија ќе влезе во фаза на глобална економска рецесија“ рече Путин.

Рускиот претседател во говорот се осврна и на едно прашање во врска со процесот на распаѓањето на Советскиот Сојуз и процесот со кој денес се соочува Европската унија.

Путин во врска со тоа одговори: „Советскиот Сојуз не се распадна како последица на порастот на национализмот во Балтичките земји. Една од основните причини за распаѓањето на Советскиот Сојуз е неефикасната економска политика на тогашната држава која предизвика распаѓање на општествен план.“



Слични вести