Над 100 лица загинаа во протестите во Иран

Демонстрациите низ Иран избувнаа минатата недела откако Владата воведе ограничување на бензинот и зголемување на цените на горивата за најмалку 50 отсто

1309661
Над 100 лица загинаа во протестите во Иран

Според „Амнести интернешнал“, најмалку 106 лица загинале за време на протестите во Иран, кои се одржуваат по неодамнешната одлука на Владата да ги зголеми цените за гориво, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Најмалку 106 демонстранти во 21 град се убиени, покажуваат веродостојните извештаи добиени од Амнести интернешнал", се вели во извештајот на групата за граѓански права.

„Организацијата верува оти вистинската бројка на загинати може да биде многу поголема, при што некои извештаи покажуваат дека се убиени 200 лица“, се додава.

Истакнувајќи дека има извештаи за смртни случаи на „мал број демонстранти“ и најмалку четворица припадници на безбедносните сили, од Амнести интернешнал рекоа дека видеоснимките и сликите укажуваат на употреба на муниција.

„Властите мора веднаш да стават крај на овие брутални и смртоносни протести и да покажат почит кон човечкиот живот“, рекоа од групата, цитирајќи го Филип Лутер - директорот за истражување и застапник за Блискиот Исток и Северна Африка во Амнести интернешнал.

Цитирајќи ги сведочењата на очевидците потврдени со видеоснимки, Амнести интернешнал соопшти дека снајперисти и во еден случај хеликоптер, исто така, пукале во толпата луѓе од покривите.

Демонстрациите низ Иран избувнаа минатата недела откако Владата воведе ограничување на бензинот и зголемување на цените на горивата за најмалку 50 отсто.

Најмалку 100 банки и десетици продавници беа запалени за време на протестите, објав новинската агенција „Мехр“.

Иако нема официјални податоци за бројот на приведени, новинската агенција „Фарс“ објави дека повеќе од 1.000 демонстранти биле приведени.



Слични вести