Во Франција приведени 254 демонстранти

„Овие беа ајдути, чудовишта кои дошле да се тепаат со полицијата и да ги спречат активностите на пожарникарите“ рече францускиот министер за внатрешни работи Кастенер

1308325
Во Франција приведени 254 демонстранти

Во рамките на протестите и демонстрациите на жолтите елеци кои се одржаа претходниот ден во Франција беа уапсени 254 демонстранти.

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер во интервјуто за заедничката емисија на Лес Ехос и Еуроп 1 остро реагираше против насилствата кои беа предизвикани претходниот ден во рамките на демонстрациите во Парис, додека демонстрантите ги оцени како ајдути и чудовишта.

„Видовме малку демонстранти, ама овие беа ајдути, чудовишта кои дошле да се тепаат со полицијата и да ги спречат активностите на пожарникарите. Полицијата не употреби прекумерна сила врз демонстрантите“ рече Кастенер.

„Демонстрантите беа варвари, зборовите ги користам внимателно и не изговарам погрешно. Тие беа варвари“ рече Кастенер.

Во рамките на демонстрациите ширум земјата беа уаспени 254 лица од кои 173 во Париз.



Слични вести