Во воздушни напади на руските воени авиони во подрачјето на градот Идлиб загинаа тројца цивили

Во реализирани воздушни напади од страна на руски воени авиони врз населените места во Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб во северозападниот дел на Сирија загинаа тројца цивили

1307706
Во воздушни напади на руските воени авиони во подрачјето на градот Идлиб загинаа тројца цивили

Во воздушните напади на Русија која го поддржува режимот на Бешар Асад, врз населените места во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб во северозападниот дел на Сирија, загинаа тројца цивили.

Според Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери, руски воени авиони реализираа воздушни напади врз селата Маризте, Урејнибе и Маритирме во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб.

Надлежни за Цивилна одбрана (Берите Баретки) во Идлиб соопштија дека во воздушните напади животот го загубија тројца цивили.

Исто така и Асадовиот режим реализираа напади со хаубици, топови и ракети земја-земја врз селата Бсакла, Хазарин и Марет ес-Син во населеното место Кефренбил во јужниот и југоисточниот дел на градот Идлиб.

Екипите за Цивилна одбрана ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување на местата на нападите.

 



Слични вести