Исповед од Џејмс Џефри: Еден дел од Курдите избегаа од северниот дел на Сирија поради ПЈД/ЈПГ

Специјалниот претставник на САД Џејмс Џефри рече: „Еден дел од Курдите избегаа од ДЕАШ, а другиот дел да бидеме поштени, од северниот дел на Сирија избегаа поради ПЈД/ЈПГ и се засолнаа во Турција. И тие сакаат да се вратат назад“

1307277
Исповед од Џејмс Џефри: Еден дел од Курдите избегаа од северниот дел на Сирија поради ПЈД/ЈПГ

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) Џејмс Џефри по состанокот на Коалицијата за борба против ДЕАШ што се одржа во Вашингтон, одговараше на прашањата на новинарите.

Џефри на едно поставено прашање во врска со враќањето назад на бегалците во Сирија, рече: „Турција работи заедно со нас и со Обединетите нации (ОН).“

Тој истакна дека еден дел од Курдите избегаа од северниот дел на Сирија поради ПЈД/ЈПГ.

Велејќи дека Турција која згрижува 3 милиони и 600 илјади бегалци со тоа извршува една извонредна работа, Џефри продолжи со следните зборови: „Луѓето кои ќе се вратат во североисточниот дел на Сирија, ќе бидат луѓе од тоа подрачје и тоа ќе се оствари во рамките на правилата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР). Меѓу овие бегалци има и 350 илјади Курди. Еден дел од овие Курди избегаа од ДЕАШ, а другиот дел да бидеме поштени, од северниот дел на Сирија избегаа поради ПЈД/ЈПГ и се засолнаа во Турција. И тие сакаат да се вратат назад.“

На едно друго поставено прашање во однос на поддршката на САД на Ферхат Абди Шахин, познат под кодното име „Мазлум Кобани“, едниот од водачите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, Џејмс Џефри одговори со следните зборови: „САД не поддржуваат лица поединци. Ние, им даваме привремена и периодична поддршка на Сириските демократски сили (СДФ) против ДЕАШ. Немаме склучено договор за иднината на било која група во Сирија. Она што е значајно овде е да се порази ДЕАШ. Нашиот став по прашањето со Сирија е праведниот и отворениот избор кој што ги опфаќа сите Сиријци. Разговараме и со опозициските групи надвор од Сириските демократски сили (СДФ).“



Слични вести