Во воздушни напади на руските воени авиони во Идлиб загинаа две деца од исто семејство
Руски воени авиони реализираа интензивни воздушни напади врз населените места во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија во кои загина две деца од исто семејство

Во реализираните интензивни воздушни напади од страна на Русија врз цивилните населени места во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, животот го загубија две деца од исто семејство.
Според Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери, руски воени авиони реализираа воздушни напади врз селата Маритирме, Хазарин, Мушејрифе, Сфухен, Ум Халахил, Дар Ел Кебире и Зерзур кои се наоѓаат во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб.
Исто така и Асадовиот режим од утринските часови реализира интензивни напади од воздух и копно врз населеното место Кефренбил и селата Бсакла, Марзите, Џибала, Сихал, Тел Дем, Техтаја и Гасанје во јужното рурално подрачје на Идлиб.
Според добиени информации од надлежни за Цивилна одбрана (Белите Беретки) во Идлиб, во реализиран напад од страна на руските воени авиони врз селото Маритирме во Идлиб загинаа две деца од исто семејство.
Според извештајот за Цивилна одбрана, во нападите коишто ги реализираа Асадовиот режим, странските терористички групи поддржани од Иран и на Русија, врз цивилните населени места во Идлиб минатиот месец животот го загубија 75 цивили од кои 13 беа деца.