Обид за напад врз џамија во Италија

Против осомничените се водеше истрага поради сомнение за илегално организирање со цел носење разурнувачки и уништувачки материјали

1306198
Обид за напад врз џамија во Италија

Во италијанскиот град Сиена беа приведени 12 лица кои се подготвуваа да извршат напад врз една џамија.

Според веста на италијански ТВ-канал Раињус24, во рамките на операцијата на полицијата беа приведени 12 лица меѓу еден 60 годишен банкар, симпатизер на нацистите и неговиот 22 годишен син, кои се подготвуваа да извршат напад врз џамијата во месноста Коле вал делса.

Против осомничените се водеше истрага поради сомнение за илегално организирање со цел носење разурнувачки и уништувачки материјали.

Во рамките на претресите на некои куќи беа откриени експлозивни направи, голем број оружје и муниција и нацистички симболи и некои други остатоци од Втората светска војна.

Операцијата беше извршена како резултат на следењето на социјалните медиуми и техничкото прислушкување  од страна на италијанската полиција. Особено големо внимание привлече сомнителното однесување на 60 годишното лице кое се шеташе околу џамијата.

Сами Елшами, одговорното лице на Исламскиот центар во Кол вал делса рече дека чувствуваат загриженост, бидејќи се додека продолжат овие мислења кон муслиманите и мигрантите, ќе продолжи опасноста околу нас.



Слични вести