Марк Еспер: Во североисточниот дел на Сирија ќе останат 500-600 наши војници

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер истакна дека продолжува процесот за повлекување на војниците на САД од североисточниот дел на Сирија и го рече следното: „На крај таму ќе имаме 500-600 наши војници“

1306526
Марк Еспер: Во североисточниот дел на Сирија ќе останат 500-600 наши војници

САД во североисточниот дел на Сирија ќе остават 500-600 свои војници.

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер во дадената изјава за новинарите на заминување за Јужна Кореја во рамките на неговата турнеја по Азија, истакна дека продолжува процесот за повлекување на војниците на САД од североисточниот дел на Сирија и го рече следното: „На крај таму ќе имаме 500-600 наши војници.“

На едно поставено прашање дали во оваа група војници се вклучени околу 200'те војници кои се распоредени во базата Ал Танф во југозападниот дел на Сирија на границата помеѓу Ирак и Јордан, Еспер одговори дека бројката којашто ја изнесе се однесува на североисточниот дел на Сирија.

На едно друго поставено новинарско прашање во однос на тоа дали САД продолжуваат да и помагаат на ЈПГ/ПКК во регионот, американскиот секретар за одбрана Марк Еспер напомена дека бројката на американските војници во Сирија би можела да се промени особено доколку европските сојузници го зајакнат своето присуство во оваа земја.



Слични вести