Во напад со возило бомба во авганистанскиот главен град Кабул загинаа најмалку 7 лица

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Несрат Рахими истакна дека на улицата Касим веднаш позади аеродромот во главниот град Кабул е реализиран напад со возило бомба во кој загинаа 7 лица, а 7 мина се ранети

1305310
Во напад со возило бомба во авганистанскиот главен град Кабул загинаа најмалку 7 лица

Во реализиран напад со возило бомба во главниот град на Авганистан, Кабул, загинаа 7 лица, а 7 лица се ранети.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Несрат Рахими во дадената изјава за претставниците на печатот истакна дека на улицата Касим веднаш позади аеродромот во главниот град Кабул е реализиран напад со возило бомба.

Велејќи дека во нападот според првични добиени информации загинаа 7 лица, Рахими рече дека се ранети и 7 лица.

Очевидци наведуваат дека цел на напаѓачот било едно оклопно возило коешто поминувало од областа.

Под дејство на експлозијата беа скршени стаклата на сите куќи и работни места во околината на нападот, а улицата на која беше извршен нападот беше затворена за сообраќај.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.



Слични вести