Трамп: Го имаме на нишан третиот човек на ДЕАШ за кого знаеме и каде се наоѓа

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека на нишан се наоѓа третиот човек на убиениот водач на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир ел-Багдади, за кого рече дека знаат каде се наоѓа

1305754
Трамп: Го имаме на нишан третиот човек на ДЕАШ за кого знаеме и каде се наоѓа

Американскиот претседател Доналд Трамп во Економскиот клуб во Њујорк одговараше на прашањата на новинарите.

Трамп истакна дека на нишан се наоѓа третиот човек на убиениот водач на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир ел-Багдади.

Доналд Трамп говореше во врска со убиството на водачот на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир ел-Багдади минатиот месец од страна на американските специјални сили во близина на градот Идлиб во Сирија, а потоа и на портпаролот на организацијата Ебу Хасан ел-Мухаџир, по што информираше дека знаат каде се наоѓа и третиот човек водач на ДЕАШ Ебу Ибрахим ел-Хашими ел-Курејши.

Американскиот претседател Трамп рече: „Го имаме на нишан третиот човек кој дојде на местото на Багдади… Неговиот трет човек има многу проблеми, бидејќи знаеме и каде се наоѓа Тој.“



Слични вести