Расте бројот на загинатите во израелските воздушни напади врз Појасот Газа

Палестинското министерство за здравство соопшти дека заедно со уште еден загинат во градот Дејр Белах во централните делови на Газа бројот на загинатите во израелските напади од вчера наутро досега се зголеми на 16 лица, а 50 мина се ранети

1305647
Расте бројот на загинатите во израелските воздушни напади врз Појасот Газа

Бројот на загинатите во воздушните напади на израелската армија од вчера наутро врз Појасот Газа кој се наоѓа под блокада, се зголеми на 16 лица, а 50 мина се ранети.

Во објавеното писмено соопштение од палестинското министерство за здравство се истакнува дека заедно со уште еден загинат во градот Дејр Белах во централните делови на Газа бројот на загинатите во израелските напади од вчера наутро досега се зголеми на 16 лица, а 50 мина се ранети.

Во соопштението од Бригадите Ал Кудс, военото крило на Движењето Исламски Џихад пак, се вели дека лицето кое го загуби животот во денешните напади е од водечките имиња на Одредите Ал Кудс.

Во соопштението не беа дадени детални информации во врска со името и идентитетот на загинатото лице.

Палестинското Министерство за здравство во претходно објавеното соопштение информираше дека бројот на загинатите во израелските напади врз Газа се зголеми на 10 лица.

Израелската армија пак, вчера соопшти дека е реализиран воздушен напад на куќата на Баха Ебу'л Ата, еден од водечките команданти на Одредите Ал Кудс, военото крило на Движењето Исламски Џихад.

Во нападот заедно со Баха Ебу'л Ата загина и неговата сопруга Есма Ебу'л Ата.

Од друга страна, Израел поради ракетните напади, почнувајќи од границата со Газа на површина од 8 километри прогласи 48 часовна вонредна состојба.

Според веста на израелската државна телевизија, израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет изјави дека вонредната состојба ги опфаќа централните делови на земјата почнувајќи од границата со Газа.



Слични вести