Израелскиот премиер Нетанјаху го предупреди Исламски Џихад во врска со ракетните напади

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека доколку продолжи со ракетните напади ќе продолжат и операциите против Исламски Џихад

1305844
Израелскиот премиер Нетанјаху го предупреди Исламски Џихад во врска со ракетните напади

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанокот на својот јабинет во Западен Ерусалим (Кудс) направи проценка во врска со присутната затегнатост помеѓу Израел и Појасот Газа кој се наоѓа под израелска блокада.

Нетанјаху предупреди дека доколку продолжи со ракетните напади ќе продолжат и операциите против Исламски Џихад.

Велејќи дека Израел не е на страната на покачување на затегнатоста во регионот, но дека ќе одговорат и на секој вид напад, Нетанјаху го рече следното: „Пред Исламски Џихад постои еден избор: Или ќе стави крај на нападите, или ќе добие посилен удар.“

Инаку, по вчерашниот воздушен напад на израелската армија во Појасот Газа во кој беше убиен Баха Ебу'л Ата, еден од водечките команданти на Одредите Ал Кудс, военото крило на Движењето Исламски Џихад, дојде до нагло покачување на затегнатоста во регионот.

Исламски Џихад како одговор на овој напад во кој беше убиен едниот од неговите команданти, беа истрелани голем број ракети од Газа врз Израел, а израелската армија го бомбардира Појасот Газа.

Во нападите на израелската армија од вчера наутро досега врз Појасот Газа животот го загубија 16 лица, а 50 мина беа ранети.



Слични вести