Во судир на два воза во Бангладеш загинаа најмалку 16 лица

На 100 километри источно од главниот град на Бангладеш Дака во областа Брахманбарија се судрија два воза и во несреќата загинаа најмалку 16 лица, а најмалку 40 лица се повредени

1305107
Во судир на два воза во Бангладеш загинаа најмалку 16 лица

Во железничка несреќа до која дојде утрово во источниот дел на Бангладеш при судир на два воза животот го загубија најмалку 16 лица, а најмалку 40 лица се повредени.

Според вестите објавени во печатот во Бангладеш, на 100 километри источно од главниот град Дака во областа Брахманбарија во 03:00 часот по локално време се судрија два воза кои од јужниот град Читагонг патувале кон Дака.

Екипите за пребарување и спасување кои дојдоа на местото на несреќата информираа дека се пронајдени мртвите тела на 16 патници, а најмалку 40 лица се повредени.

Надлежни истакнуваат дека повредените се префрлени на лекување во болници, меѓутоа ја изразуваат и својата загриженост од зголемување на бројот на загинатите.

Засега не е објавено одредено соопштение во врска со причината за несреќата.



Слични вести