Телефонски разговор помеѓу Владимир Путин и Ангела Меркел

Во објавеното писмено соопштение од претседателскиот дворец на Русија Кремљ се истакнува дека претседателот Владимир Путин разговараше телефонски со германската канцеларка Ангела Меркел

1304631
Телефонски разговор помеѓу Владимир Путин и Ангела Меркел

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел остварија телефонски разговор посветен на решавањето на кризата во источниот дел на Украина.

Во објавеното писмено соопштение од претседателскиот дворец на Русија Кремљ се истакнува дека претседателот Путин разговараше телефонски со германската канцеларка Меркел.

Во соопштението се укажува на значењето од подготвување на законите коишто предвидуваат да и се додели специјален статус на областа Донбас и се вели следното: „Двајцата лидери, нагласија дека кризата во источниот дел на Украина треба да се реши во рамките на Договорите од Минск.“

Исто така се истакнува дека во телефонскиот разговор се разгледани и трилатералните разговори за природниот гас меѓу Русија, Украина и Европската унија (ЕУ).

Во соопштението воедно стои дека беше разговарано и за прашањето со Сирија и се изнесува следната констатација: „Во разговорот, беше укажано на значењето од решавање на хуманитарната состојба во Сирија, вклучувајќо го и враќањето на бегалците во своите домови.“



Слични вести