Предупредување од германската канцеларка Меркел по прашањето на расизмот

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека никој во Германија не треба да се чувствува понижен или изолиран поради својата религија или своето потекло и предупреди по прашањата на антисемитизмот и расизмот во нејзината земја

1304652
Предупредување од германската канцеларка Меркел по прашањето на расизмот

Германската канцеларка Ангела Меркел во говорот што го одржа на церемонијата на доделување на Наградата за национална интеграција којашто се организира во владината зграда во главниот град Берлин, привлече внимание на расистичките напади во земјата.

Меркел истакна дека никој во Германија не треба да се чувствува понижен или изолиран поради својата религија или своето потекло и предупреди по прашањата на антисемитизмот и расизмот во нејзината земја.

Велејќи дека во Германија се случуваат голем број антисемитски и расистички настани, Меркел рече дека оваа состојба доведува до вознемиреност меѓу доселениците и оние кои се новодојдени во Германија.

Меркел нагласи дека човечкото достоинство може да се одбрани доколку секој оној кој живее во оваа земја ги почитува основните вредности.

„Во спротивно, не можеме да бидеме среќна земја.“ додаде Таа.

Нагласувајќи дека нападот којшто беше извршен минатиот месец врз една синагога во градот Хале претставува срам за Германија, Меркел ја изнесе следната констатација: „Никој не треба да се чувствува понижен или изолиран поради својата религија или своето потекло.“

Германската канцеларка Ангела Меркел напомена дека со Наградата за национална интеграција се привлекува внимание на работите коишто се водат во полето на интеграцијата и додаде дека лицата кои доаѓаат во Германија со нивните способности го даваат својот придонес на општеството.



Слични вести