Бројот загинатите во израелските воздушни напади врз Појасот Газа се зголеми на 4 лица

Во израелските воздушни напади коишто се реализираат од страна на Израел од изутринава, бројот на загинатите се зголеми на 4 лица, а има и голем број ранети

1305188
Бројот загинатите во израелските воздушни напади врз Појасот Газа се зголеми на 4 лица

Бројот на загинатите во воздушните напади коишто ги реализира израелската армија од утрово врз Појасот Газа под блокада, се зголеми на 4 лица, а има и голем број ранети.

Во објавеното писмено соопштение од палестинското Министерство за надворешни работи се истакнува дека во реализираниот воздушен напад на израелската армија во северниот дел на Појасот Газа го загуби животот Палестинецот Зеки Мухамед Аднан Ганаме (25).

Претходно во објавеното соопштение од страна на израелската армија беше соопштено дека во источниот дел на Газа е реализиран воздушен напад на една куќа во која се наоѓал Беха Ебу'л Ата, еден од водечките команданти на Одредите Ал Кудс, военото крило на Движењето Исламски џихад.

Во нападот заедно со Беха Ебу'л Ата е убиена и неговата сопруга.

Освен тоа, палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека во реализираниот воздушен напад од страна на израелската армија во зеверниот дел на Појасот Газа под блокада животот го загуби Палестинецот Мухамед Атије Хамуде (20), а голем број лица се ранети.

По убиството на Беха Ебу'л Ата од Газа беа истрелани ракети врз голем број области на Израел, а пред се врз главниот град Тел Авив поради што освен во Тел Авив беа затворени училиштата и во голем број делови во јужниот дел на Израел.



Слични вести