Началникот на САД Марк Мејли: Во Сирија ќе оставиме 500 до 600 војници

Началникот на САД Марк Мејли во врска со военото присуство на неговата земја во Сирија рече: „Бројката сигурно ќе изнесува помалку од илјада, можеби тоа ќе бидат 500 или 600 војници“

1303830
Началникот на САД Марк Мејли: Во Сирија ќе оставиме 500 до 600 војници

Началникот на Соединетите Американски Држави (САД) Марк Мејли во дадената изјава за телевизискиот канал „ABC“ се осврна на военото присуство на неговата земја во Сирија.

Мејли истакна дека САД за продолжување на борбата против терористичката организација ДЕАШ ќе продолжат да располагаат со свои војници во Сирија и го рече следното: „Бројката сигурно ќе изнесува помалку од илјада, можеби тоа ќе бидат 500 или 600 војници.“

Марк Мејли наведе дека доколку не биде продолжен притисокот врз терористичката организација ДЕАШ, оваа организација би можела повторно да заживее.

Велејќи дека убиството на водачот на терористичката организација ДЕАШ Ебубекир ел-Багдади создаде „разорно“ дејство врз организацијата, началникот на Соединетите Американски Држави (САД) Марк Мејли, додаде дека во значителна мера располагаат со информации и во врска со новиот водач на организацијата и дека тогаш кога ќе се долови прилика и тој ќе биде фатен.



Слични вести