Коалиционите сили реализираа воздушни напади врз цели на ДЕАШ кај ирачкиот град Мосул

Со цел елиминирање на остатоците од терористичката организација ДЕАШ од страна на меѓународните коалициони сили се реализирани 14 воздушни напади на планината Карачок, кај населеното место Махмур, во провинцијата Мосул

1303714
Коалиционите сили реализираа воздушни напади врз цели на ДЕАШ кај ирачкиот град Мосул

Ирачкото министерство за одбрана соопшти дека се реализирани 14 воздушни напади врз цели на терористичката организација ДЕАШ на планината Карачок, кај населеното место Махмур, во провинцијата Мосул.

Во објавеното писмено соопштение од Медиумската мрежа за безбедност при ирачкото министерство за одбрана се истакнува дека со цел елиминирање на остатоците од терористичката организација ДЕАШ од страна на меѓународните коалициони сили се реализирани 14 воздушни напади на планината Карачок.

Во соопштението се наведува дека ирачките сили за борба против тероризмот беа дел од операцијата и без да се изговори одредена бројка се вели дека се убиени голем број терористи на ДЕАШ.

Инаку, терористичката организација ДЕАШ во јуни 2014 година зазеде една третина од териториите на Ирак, а пред се градот Мосул.

Потоа по некаде околу 3 години, во декември 2017 година ирачките безбедносни сили во голема мера ги вратија овие територии.

Меѓутоа, и покрај тоа што терористичката организација ДЕАШ е извадена од овие територии и се вратени назад градовите, оваа терористичка организација продолжува да реализира напади и тоа особено во руралните подрачја на провинциите Киркук, Дијала, Мосул, Салахадиин и Анбар.

 



Слични вести