Во воздушните напади на руските воени авиони во Идлиб загинаа 5 цивили

Во воздушните напади на руските воени авиони врз цивилните населени места во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија, загинаа 5 лица од кои тројца во селото Рами и двајца во селото Маршимшан

Во воздушните напади на руските воени авиони во Идлиб загинаа 5 цивили

Во реализирани воздушни напади од страна на руски воени авиони врз цивилните населени места во „Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб“ животот го загубија 5 цивили.

Според Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери, руските воени авиони од синоќа реализираат воздушни напади врз населеното место Кефренбил и селата Рами, Кибала и Маршимшан во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб“.

Според добиени информации од екипите за Цивилна одбрана (Белите Беретки) во Идлиб, во нападите загинаа 5 лица од кои тројца во селото Рами и двајца во селото Маршимшан.

Инаку, во нападите на воените авиони на Русија и Асадовиот режим врз цивилните населени места во „Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб во последната една недела загинаа повеќе од 25 цивили.

Од денот на потпишување на спогодбата помеѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година во Сочи, во нападите на Асадовиот режим и Русија загинаа повеќе од 300 цивили.

Бројот на раселените лица од местата коишто се подложени на жестоки бомбардирања во релативно помирни места  и особено местата блиску до границата со Турција пак, во последната една година изнесува над еден милион.



Слични вести