Во напад на конвој на канадска рударска компанија во Буркина Фасо загинаа најмалку 37 лица

Во напад на конвој со возила кои превезувале работници на канадската рударска компанија „Семафо“ во областа помеѓу градовите Горума и Тапоа, во провинцијата Ест загинаа најмалку 37 лица, а повеќе од 60 лица се ранети

1302054
Во напад на конвој на канадска рударска компанија во Буркина Фасо загинаа најмалку 37 лица

Во реализиран напад на конвој со возила на една рударска компанија во источниот дел на западноафриканската држава Буркина Фаси загинаа најмалку 37 лица, меѓу кои има и цивили и војници, а има и повеќе од 60 ранети.

Според веста на официјалната новинска агенција на Буркина Фасо „AIB“, бил извршен напад на конвој со возила кои превезувале работници на канадската рударска компанија „Семафо“ во областа помеѓу градовите Горума и Тапоа, во провинцијата Ест.

Откако првото возило од конвојот наишло на поставена на мина на патот, по експлозијата напаѓачите отвориле оган врз другите возила од конвојот.

Во нападот загинале 37 лица, цивили и војници, а имало повеќе од 60 ранети.

Тешко ранетите лица биле префрлени на лекување во болниците во главниот град Вагадугу, а полесно ранетите во регионалната болница Фада Н'Гоурма.

Како што се дознава се уште не можат да се добијат информации од некои лица.  



Слични вести