Иран: Договорот од Ријад нема да ја реши кризата во Јемен

Од страна на Иран пристигна соопштение дека Договорот од Ријад којшто завчера беше потпишан помеѓу јеменската влада и сепаратистичкиот Јужен преоден совет поддржан од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), нема да претставува решение за кризата во Јемен

Иран: Договорот од Ријад нема да ја реши кризата во Јемен

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Абас Мусеви во објавеното соопштение на интернет страницата на министерството застана во одбрана на тоа дека потпишаниот Договор во Ријад помеѓу јеменската влада и сепаратистичкиот Јужен преоден совет нема да биде во услуга на решавање на присутните проблеми во Јемен.

„Ваквиот договор ќе ја зајакне окупацијата на Јемен од страна на Саудиска Арабија и нејзините сојузници.“ - коментира Мусеви.

Велејќи дека Иран го поддржува формирањето на влада на единство со широко учество на основа на преговори коишто ќе се одржат помеѓу јеменските групи и територијалниот интегритет на Јемен, Мусеви алудирајќи на Хусите застана во одбрана на тоа дека Јеменците нема да дозволат јужниот дел на нивната земја да остане под контрола на странските сили. 

Портпаролот на иранското министерство за надворшени работи Абас Мусеви посака од управата на Саудиска Арабија да одговори позитивно на предлогот на Хусите за взаемен прекин на нападите,а  воедно нагалси дека за да би можел да се фрли првиот чекор за ставање крај на кризата во Јемен треба да биде сопрена војната.

Инаку, завчера во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, беше потпишан Договорот од Ријад за којшто се очекува да стави крај на кризата помеѓу јеменската влада и сепаратистичкиот Јужен преоден совет поддржан од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Договорот содржи одредби како што се најдоцна за 30 дена од потпишување на договорот да се формира технократска влада, 12 од 24 министерски позиции да им се дадат на јужњаците, јеменскиот претседател Абдурабу Мансур Хади за 15 дена да назначи шеф на полицијата на градот Аден, а за 30 дена да назначи гувернери на градовите Ебјен и Дали.



Слични вести