Во нападот на врз цивилното населено подрачје во Идлиб загинаа 3 деца од исто семејство

Режимот на Асад изврши копнени и воздушни напади врз општината Џишир Еш Шугур, селата Џанудије, Шејх Синдијан, Ганије, Кефер Сеџне, Барбо и Сутух Ед Дејр кои се наоѓаат во границите на Зоната за деескалација во Идлиб

1300976
Во нападот на врз цивилното населено подрачје во Идлиб загинаа 3 деца од исто семејство

Во нападот на силите на режимот на Асад поддржани од руските борбени авиони врз цивилното населено подрачје во Идлиб во Зоната за деескалација во Идлиб и фронталните линии на воената опозиција загинаа 3 деца од исто семејство.

Режимот на Асад изврши копнени и воздушни напади врз општината Џишир Еш Шугур, селата Џанудије, Шејх Синдијан, Ганије, Кефер Сеџне, Барбо и Сутух Ед Дејр кои се наоѓаат во границите на Зоната за деескалација во Идлиб.

Според информациите на центарот за набљудување на авионите на опозицијата, руските борбени авиони ги бомбардираа селата Шејх Мустафа, Нукејер, Хасане, Техтаја, Бсида, Џибала, Ед Дар Ел Кебире, Ет Тине и Мушерефије во Идлиб.

Според информациите од претставниците на цивилната одбрана на Идлиб (Бели шлемови), вчера во вечерните часови, во воздушните напади на силите на режимот на Асад на селото Дар Ел Кебире загинаа три деца од исто семејство и еден цивил.

Екипите на цивилна одбрана продолжуваат со активностите за пребарување и спасување на местата на нападите.



Слични вести