Во експлозии и напади во Авганистан загинаа најмалку 8 лица, а над 20 се ранети

Во последните реализирани два бомбашки напади и еден вооружен напад во различни провинции на Авганистан загинаа најмалку 8 лица, а над 20 лица се ранети

1301559
Во експлозии и напади во Авганистан загинаа најмалку 8 лица, а над 20 се ранети

Во бомбашки напад во провинцијата Бадгис во Авганистан загинаа 6 припадници на полицијата, а 5 мина полицајци се ранети.

Шефот на полицијата во Бадгис Шир Ака Алкозај истакна дека поставена бомба на крајот на патот помеѓу населеното место Мукур и градот Кале-и Нев во провинцијата, била експлодирана во моментот на поминување на полициско возило.

Алкозај рече дека во бомбашкиот напад биле ранети и 5 мина полицајци, а одговорноста за нападот ја префрли на Талибан.

Во меѓувреме, Талибан засега не објави било какво соопштение во врска со нападот.

Од друга страна и во експлозија на бомба поставена на крајот на еден пат во градот Ала Сај во провинцијата Каписа загина еден војник, а 12 лица од кои 10 цивили беа ранети.

Како што се истакнува, 6 мина од ранетите биле жени.

Одговорноста за нападот ја презеде Талибан.

Членови на Талибан реализираа вооружен напад и врз населеното место Чахарбулак во провинцијата Белх во северниот дел на Авганистан и во овој напад беше убиен началникот на полицијата Келамуддин Хамид, а беа ранети и четворица полицајци. 

Во вооружената престрелка до којашто дојде по нападот беа убиени 6 мина членови на Талибан, а четворица беа ранети.



Слични вести