Трамп: „Договорот од Ријад претставува многу добар почеток“

Затоа ги молам сите инволвирани страни да работат за постигнување на конечниот договор, рече Трамп

1301054
Трамп: „Договорот од Ријад претставува многу добар почеток“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Договорот од Ријад со кој се очекува да се оконча кризата во Јемен претставува многу добар почеток.

Во објавата преку профилот на твитер Трамп направи проценка на Договорот од Ријад со кој се очекува да се реши кризата во врска со сепаратистичкиот Привремен јужен совет кој се поддржува од страна на владата на Јемен и Обединетите Арапски Емирати.

Трамп рече дека Договорот од Ријад претставува многу добар почеток. Затоа ги молам сите инволвирани страни да работат за постигнување на конечниот договор.

Единиците Хизам Емни кои се поврзани кон управата на Привремениот јужен совет и кои се поддржуваат од страна на Обединетите Арапски Емирати, најпрвин на 10 август ја презедоа контролата над привремениот главен град Аден, а потоа и над Ебјен и Шебве.

На крајот на судирите во регионот, владините сили повторно ја презедоа контролата над наведените градови, додека по бомбардирањето од воздух од страна на авионите Обединетите Арапски Емирати, управата над Аден и централната општина Зенџибар на Ебјен повторно премина во рацете на силите на Привремениот јужен совет.

Со преземањето на контролата на главниот град Аден и околните населени места од страна на силите на Привремениот јужен совет, Саудиска Арабија упати повик за дијалог до Советот и Владата.



Слични вести