ЕУ го поздрави постигнатиот договор во Ријад помеѓу јеменската влада и Јужниот преоден совет

Од канцеларијата на високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини е соопштено дека постигнатиот договор би можел да ја намали затегнатоста во Јемен и регионот и да донесе мир

1301382
ЕУ го поздрави постигнатиот договор во Ријад помеѓу јеменската влада и Јужниот преоден совет

Европската унија (ЕУ) соопшти дека со задоволство се дочекува потпишаниот договор во Ријад помеѓу јеменската влада и сепаратистичкиот Јужен преоден совет.

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата на високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, се истакнува дека постигнатиот договор би можел да ја намали затегнатоста во Јемен и регионот и да донесе мир.

Во соопштението се вели дека Јемен кој ја доживува најсериозната хуманитарна криза во светот се доближува до постигнување на инклузивен мировен договор и воедно се упатува повик до сите страни да ја искористат оваа прилика.

Во истото соопштение исто така се повторува поддршката на Европската унија (ЕУ) на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Јемен.

Инаку, Договорот од Ријад за којшто се очекува да стави крај на кризата помеѓу јеменската влада и сепаратистичкиот Јужен преоден совет поддржан од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), беше потпишан на 4 ноември во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

Договорот содржи одредби како што се најдоцна за 30 дена од потпишување на договорот да се формира технократска влада, 12 од 24 министерски позиции да им се дадат на јужњаците, јеменскиот претседател Абдурабу Мансур Хади за 15 дена да назначи шеф на полицијата на градот Аден, а за 30 дена да назначи гувернери на градовите Ебјен и Дали.



Слични вести