Барзани: „Турција има проблем со терористичката организација ПКК а не со сириските Курди“

Барзани рече дека му беше пренесен ставот на Турција дека нема да дозволи на границите со Сирија да се сместат крпите на ПКК

1301249
Барзани: „Турција има проблем со терористичката организација ПКК а не со сириските Курди“

Претседателот на Регионалната управа на северот на Ирак Нерчиван Барзани рече дека Турција има проблем со терористичката организација ПКК а не со сириските Курди.

На панелот што се одржа под покровителство на Институтот за Блискоисточни истражувања (МЕРИ) со седиште во Ербил, Барзани направи проценка на случувањата во Сирија и ПКК.

Барзани во говорот подвлече дека Турција нема никаков проблем со сириските Курди. Турција од самиот почеток нема никакви проблеми со Курдите во Сирија, но има проблем со ПКК.

Барзани рече дека му беше пренесен ставот на Турција дека нема да дозволи на границите со Сирија да се сместат крпите на ПКК.

Дека тоа ќе претставува голема закана се обидовме да им го пренесеме и на нашите сириски браќа.

Барзани остро реагираше на присуство на ПКК во Сирија. ВО врска со тоа Барзани рече:

Наша единствена желба е Курдите да постават растојание со ПКК, бидејќи ПКК преку Курдите во Сирија сакаше да се легитимизира и за жал денес се достигна ова ниво.



Слични вести