Антивладините демонстрации во Ирак и нанесоа штета на земјата од над 6 милијарди долари

Воениот портпарол на ирачкиот премиер Адил Абдулмехди бригадниот генерал Абдулкерим Халеф, истакна дека антивладините демонстрации од 1 октомври досега предизвикаа штета врз економијата на земјата во износ од над 6 милијарди долари

1301580
Антивладините демонстрации во Ирак и нанесоа штета на земјата од над 6 милијарди долари

Воениот портпарол на ирачкиот премиер Адил Абдулмехди бригадниот генерал Абдулкерим Халеф, на одржаниот состанок за печатот во главниот град Багдад се осврна на влијанието на антивладините демонстрации врз економијата на земјата коишто продолжуваат од 1 октомври, а во кои според последни добиени информации загинаа 254 лица, а неколку илјади се повредени.

Халеф истакна дека антивладините демонстрации од 1 октомври досега предизвикаа штета врз економијата на земјата во износ од над 6 милијарди долари.

Тој, тоа што демонстрантите во јужните делови на земјата целат против нафтените компании и ги блокираат патиштата го окарактеризира како „опасна состојба“.

Бригадниот генерал Абдулкерим Халеф, напомена дека нема да се дозволи никаква интервенција врз нафтените компании, на чело со пристаништето „Ум Каср“ во Басра, кое е најголемо пристаниште на земјата.

Привлекувајќи внимание дека пристаништето „Ум Каср“ е важна царинарница за Ирачаните, Халеф рече: „Стотици транспортни возила кои ги носат дневните основни потреби на Ирачаните се во состојба да не можат да влегуваат и да излегуваат. Мирољубивите демонстрации никако не треба да целат против економијата на Ирак.“



Слични вести