Стефан де Мистура изјави за „CNN“: По прашањето со Сирија постои потреба од Русија и Турција

Поранешниот специјален претставник на ОН за Сирија Стефан де Мастура истакна дека е „мошне значајно“ тоа што минатата недела во швајцарскиот град Женева се состана Уставниот комитет за Сирија и дека овде страните се состанаа за прв пат

1300372
Стефан де Мистура изјави за „CNN“: По прашањето со Сирија постои потреба од Русија и Турција

Поранешниот специјален претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Стефан де Мистура даде изјави за телевизискиот канал „CNN“ каде што меѓу другото истакна дека за убедување на страните за да не би дошло до пропаѓање на разговорите тогаш кога ќе дојде до проблем во Сирија, постои потреба од Русија и од Турција.

Мастура нагласи дека е „мошне значајно“ тоа што минатата недела во швајцарскиот град Женева се состана Уставниот комитет за Сирија и дека овде страните се состанаа за прв пат.

На едно поставено прашање „Кога ќе се земе во предвид авторитетот на Русија во Сирија, дали Уставниот комитет навистина е предводник на Сиријците?“, Мистура рече: „Во војната во Сирија за 8 години се вклучени 15 земји и секоја од нив има авторитет врз страните. Особено Русија и иранската влада, додека Турција и другите земји имаат авторитет над опозиционерите. Кога ќе дојде до одреден проблем пак, за да не дојде до пропаѓање на разговорите мораме да им веруваме на Русија и на Турција по прашањето на убедување на страните.“

Велејќи дека улогата на Русија во Сирија е „мошне значајна“, Мистура напомена дека воедно воената интервенција на Русија во Сирија ги промени целосно рамнотежите и „правилата на играта“ во оваа земја.

Мистура исто така контстатира дека Русија поради тоа што не може самата да  ја реализира повторната изградба на Сирија не сака да ја презема таа задача и додаде дека затоа  вложува напори да стане дел од политичкиот процес.

Инаку, поранешниот специјален претставник на Обеиднетите нации (ОН) за Сирија Стефан де Мистура, е третиот по ред специјален претставник за време на граѓанската војна во Сирија која продолжува повеќе од 8 години и најдолго ја извршуваше оваа задача, а на крајот на 2018 година поднесе оставка.



Слични вести