САД официјално се обратија за повлекување од Парискиот климатски договор

Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави писмено соопштение во кое истакна дека САД официјално се обратија за повлекување од Парискиот климатски договор

САД официјално се обратија за повлекување од Парискиот климатски договор

САД официјално се обратија за повлекување од Парискиот климатски договор за кое што претходно во 2017 година соопштија дека ќе се повлечат.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во објавеното писмено соопштение по прашањето го напиша следното: „Претседателот Доналд Трамп одлучи да се повлече од Парискиот климатски договор, а поради товарот којшто им се става на американскиот народ, даночните обврзници и економијата.“

Помпео Парискиот договор го нарече „економски нефер товар” за американската економија.

Од друга страна, експерти истакнуваат дека одделувањето на САД од Парискиот колиматски договор со цел исполнување на неопходните процедури ќе одземе една година.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп , на 1 јуни 2017 година на еден состанок за печатот во Белата куќа соопшти дека ќе ги повлече САД од Парискиот климатски договор кој е потпишан од страна на над 190 земји.

Трамп застана во одбрана на тоа дека се договорот „се нема за цел да се води борба против климатските промени, туку се цели за стекнување на другите земји со економска предност пред САД“ и тврдеше дека тоа ќе доведе до загуба во американската економија од 3 трилиони долари и загуба во вработувањето за 6,5 милиони лица.

Климатскиот договор беше усвоен на Светскиот самит за климатски промени (КОП 21) што се одржа во декември 2015 година во главниот град на Франција, Париз, а потоа во април 2016 година беше потпишан од страна на над 190 земји.

Главна цел на договорот чиј најголем поддржувач беше претходникот на Трамп, Барак Обама, кој воедно ги предводеше и преговорите, е границата на просечното глобално зголемување на температурата да се ограничи со 1,5 до 2 степени Целзиусови.



Слични вести