Во вооружен напад на Боко Харам врз воен камп во Нигерија загинаа 12 војници, а 8 се ранети

Според вестите објавени во локалниот печат, припадници на терористичката организација Боко Харам извршија вооружен напад врз воениот камп Блабрине во северниот дел на областа Дифа и во нападот загинаа 12 нигериски војници, а 8 војници се ранети

1297636
Во вооружен напад на Боко Харам врз воен камп во Нигерија загинаа 12 војници, а 8 се ранети

Во реализиран вооружен напад од страна на припадниците на терористичката организација Боко Харам врз воен камп на југот на Нигерија, според првични информации загинаа 12 нигериски војници, а 8 војници се ранети.

Според вестите објавени во локалниот печат, припадници на Боко Харам извршија вооружен напад врз воениот камп Блабрине во северниот дел на областа Дифа. Во нападот загинаа 12 нигериски војници, а 8 војници се ранети.

Инаку, според податоците објавени од страна на Обединетите нации (ОН) во октомври, областа Дифа е домаќин на приближно 150 илјади бегалци, како и на околу 110 илјади бегалци кои поради опасноста од терористичката организација Боко Харам, се дојдени овде од различни делови на Нигерија.

Според извештајот на Канцеларијата за Координација на хуманитарните прашања при Обединетите нации (ОЦХА) пак, во реализираните напади од страна на Боко Харам во истата област во последните 5 месеци загинаа повеќе од 140 цивили.



Слични вести