Во пожар во патнички воз во Пакистан животот го загубија најмалку 65 лица, а над 40 се повредени

Во патнички воз којшто патувал од јужниот град Карачи за северниот град Равалпинди во Пакистан, во близина на Рахим Јар Хан дошло до експлозија, а потоа избувнал пожар при што во несреќата животот го загубиле најмалку 65 лица, а над 40 биле повредени

1297904
Во пожар во патнички воз во Пакистан животот го загубија најмалку 65 лица, а над 40 се повредени

Во близина на населеното место Лијакатпур во Пакистан избувна пожар во патнички воз којшто зафати три вагони на возот и според првични добиени информации животот го загубија 65 лица, а повеќе од 40 лица се повредени.

Министерот за државни железници на Пакистан Шејх Рашид Ахмед изјави дека во експрес возот Тезграм којшто од јужниот град на земјата Карачи патувал за Равалпинди во северниот дел во близина на населеното место Лијакатпур кај градот Рахим Јар Хан дошло до експлозија во возот, а потоа избувнал пожар.

Ахмед истакна дека причина за експлозијата биле две мали плински боци познати како „камп плински боци“ коишто патниците ги носеле со себе и ги користеле за подготвување на доручек и дека притоа по експлозијата и за време на пожарот некои од патниците во возот во паника скокнале од возот и притоа го загубиле животот.

Министерот за здравство на провинцијата Пенџаб Јасмин Рашид кој даде изјава во врска со загинатите и повредените истакна дека бројот на загинатите достигнал до 65 лица, а повеќе од 40 лица биле повредени.

Раководителот на Одделот за пребарување и спасување во градот Рахим Јар Хан, Бакир Хусејин пак,  меѓу загинатите и повредените имало делумно или целосно изгорени лица и дека поради тоа што еден дел од загинатите не можеле да се препознаат нивните идентитет ќе биде утврден со ДНК анализа.

Од друга страна, и пакистанската армија за поддршка во работите за спасување и лекување ги испратила своите лекари во болниците во областа и на местото на несреќата.

Армијата соопшти дека за пренесување на повредените патници чија здравствена состојба е критична во други болници ќе биде испратен и амбулантен хеликоптер.

По несреќата, пакистанскиот претседател Ариф Алви во објавеното соопштение преку социјалната медија го изрази своето жалење и сочувство до блиските на загинатите.

Своето жалење и сочувство го изрази и пакистанскиот премиер Имран Хан кој воедно истакна дека издал наредба за спроведување на брза истрага во врска со несреќата.



Слични вести